Уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу нив и еден државјанин од Македонија

by Fokus

Швајцарската полиција уапси припадници на криминалната организација „Пинк Пантер“ – двајца државјани на Црна Гора, двајца Германци и по една особа од Македонија и БиХ, пренесе „Б92“.

Овие осомничени учествувале во грабеж на златара од каде се украдени неколку милиони франци, пишува весникот „Дан“ од Подгорица, повикувајќи се на пишувањата на швајцарските медиуми.

Повикувајќи се на изворите од истрагата, медиумите во Швајцарија наведуваат дека сторителите се поврзани со озголгасената криминална група „Пинк Пантер“. Тие се сомничат дека учествувале во разбојништвотово златарата „Губелин“ во Луцерн.

Швајцарските власти не го открија идентитетот на осомничените, само соопиштија дека се на старост од 19 до 53 години, како и дека меѓу нив има една жена.

Грабежот се случил утрото на 26 октомври, во 8.15 часот по локално време, пренесува ЦДМ.

Двајца вооружени маскирани разбојници влегле во златарата. Заканувајќи се со пиштол на вработената, ги скршиле шкафчињата во кои бил поставен највредниот накит и рачни часовници, по што ги и земале сите пари од касата.

 

Целокупниот плен кој разбојничката група го украла од златарата во Луцерн се проценува на неколку милиони франци. Освен двајцата мажи кои влегле во златарата, во разбојништвото учествувале уште четири лица.

 

Некои од нив биле задолжени за чување на стража, а некои за превоз по грабежот и складирање на пленот, додека некои од нив биле логистика и не се наоѓале на местото на настанот.

Поврзани новости