200
Полициски службеници на целата територија на државата вчера лишија од слобода четворица возачи, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола.
По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без возачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило.
Од МВР велат дека „лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“.