Уапсени четири млади момчиња од Гостивар со дрога

by Fokus

Четири помлади лица, од кои двајца малолетници, се приведени во полициска станица во Гостивар, откако кај нив била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека синоќа нешто пред полноќ, во 23.50 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – Гостивар на гостиварската улица „Карагач“ ги лишиле од слобода се М.Д. (19) од Гостивар, Ј.М. (20) од селото Речане и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар. При извршениот претрес кај нив е пронајдено извесно количество на марихуана.

Лицата се приведени во Полициска станица – Гостивар за понатамошна постапка. Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот против нив ќе биде изготвена соодветна пријава.

Поврзани новости