Македонија ќе добие 20 илјади вакцини од Хрватска

by Fokus

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ на денешната прес-конференција заедно со неговиот колега, Венко Филипче, соопшти дека Хрватска ќе донира 20 илјади вакцини против корона вирус за нашата земја.

Како што истакна тој, со оваа донација продолжува одличниот пријателски однос помеѓу двете земји, изразувајќи надеж дека мерките на границите дополнително ќе се ослободуваат. Првиот човек на дипломатијата соопшти дека станува збор на вакцините од „Модерна“.

 

Поврзани новости