Уапсени 30 цариници и граничари на бугарскиот премин „Калотина“

by Fokus

Вкупно 30 царински службеници и припадници на Граничната полиција се уапсени при полициска акција на бугарскиот премин „Калотина“, на границата со Србија, објави БГНЕС.

– Меѓу уапсените е и началникот на граничниот премин „Калотина“, изјави бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев, кој заедно со главниот секретар на Министерството за внатрешни работи Ивајло Иванов информираа за деталите од полициската акција.

Истрагите се спроведува по налог на Специјалното јавно обвинителство во Софија. Станува збор за организирана криминална група, која се занимава со корупција, објасни Гешев пред новинарите.

Иванов потврди дека се приведени 30 лица, односно целата смена од цариници кои работат на тој премин, како и гранични полицајци.

Поврзани новости