Пожарникар повреден откако паднал од таван на опожарена куќа во Прилеп

by fokus

Денеска по полноќ, при гаснење на пожар во Прилеп, пожарникар бил повреден откако паднал од опожарената кровна конструкција на куќата.

„На 05.02.2020 во 02.10 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.,,Цане Коњарец“ во Прилеп, сопственост на Т.Т.(58), при што била опожарена кровната конструкција. Според пријавеното, А.Т., синот на сопственикот, се качил на таванот да го гасне пожарот, но притоа паднал и се повредил на левата нога. Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп“, велат од МВР.

Поврзани новости