Протестите пред општинските згради во Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток влегоа во 26-ти ден за да го изразат своето незадоволство од присуството на косовските специјалци, наметнувањето нелегитимни албански градоначалници и неоснованите апсења на сонародници.
Ново апсење утринава во Северна Митровица, а како што се дознава, специјалните единици на косовската полиција го привеле младиот Србин Н.О., кој работи во локално комунално претпријатие.
Апсењето се случило во близина на автобуската станица, кога специјалните сили на косовската полиција со оклопни возила го опколиле и потоа го привеле човекот.
Засега не е позната причината за неговото апсење.
Да потсетиме, од доаѓањето на албанските градоначалници во општините на северот на Косово досега се уапсени осум Срби, а жителите на Грачаница и Ранилуг вчера протестираа поради апсењето на Драгиша Миловановиќ.