Уапсен тетовец: Го ограбил својот роднина

by fokus

Денеска по полноќ, тетовец бил уапсен поради сомнение дека го ограбил својот роднина, одземувајќи му златен накит.

„На 09.03.2020 околу 02.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Д.(28) од с.Челопек, тетовско, поради сомнение дека на 08.03.2020 извршил тешка кражба во куќата на Б.И.(33) од истото село, при што одзел златен накит. Дел од накиот бил пронајден и му бил вратен на сопственикот, инаку негов роднина. Н.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости