Уапсен Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“ и екс градоначалник на општина Центар

by Fokus

Според засега неофицијални информации, доцна синоќа на скопскиот аеродром е уапсен Владимир Тодоровиќ, сопственикот на ланецот маркети „Тинекс“.

Екс градоначалник на Општина Центар, наводно, бил приведен по слетување од Загреб.

Во истата акција заедно со него на граничниот премин Табановце бил приведен и Владимир Здравев, кој беше поранешен функционер на Општина Центар. На Табановце, според информациите, биле уапсени уште најмалку 8 лица.

Апсењето, како што неофицијално се дознава, е за набавка на опрема за мостот „Око“ како дел од проектот „Скопје 2014“ во предмет поврзан со поранешно СЈО.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.

Поврзани новости