Приведен сопственикот на рингишпилот во полициската станица во Куршумлија, пренесуваат српските медиуми.
Тринаесет деца се повредени при уривање на рингишпилот, што се случи денеска околу 13 часот и 30 минути.
На местото на инцидентот имало повеќе од пет возила на брза помош, а лекарите ги згрижиле сите деца на кои им била потребна помош. Меѓу повредените се и брат и сестра.
Инаку, како што велат мештаните, овој рингишпил е таму веќе неколку дена, а денеска е саемот во Куршумлија. Децата биле на рингишпилот кога структурата се олабавила и се откачил.
На местото на инцидентот имало повеќе од пет возила на брза помош, а лекарите ги згрижиле сите деца на кои им била потребна помош.
– Во најкритична состојба е 13-годишно дете. Три деца се во Здравствениот дом Куршумли, а седум во Прокупље, а едно дете е префрлено во Ниш, додека две деца се пуштени дома – изјавил извор „Блиц“, додавајќи дека се сомнева дека несреќата се случила кога рингишпилот се скршил на половина.
За жал, ова не е прва несреќа што се случила со рингишпилот.