Уапсен првиот братучед на масовниот убиец од Младеновац

by fokus

На предлог на Вишото јавно обвинителство во Смедерево, судот му одреди притвор од 30 дена на првиот братучед на Урош Б. осомничен за масакрот во околината на Младеновац.

Како што претходно изјавија од Вишото јавно обвинителство во Смедерево за Еуроњуз Србија, тој е уапсен за кривично дело од член 348 став 3 од Кривичниот законик.

Согласно Кривичниот законик, тој е уапсен за да се утврдат сите околности поврзани со недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Урош Б. на 4 мај вечерта во селото Мало Орашје уби пет селани од кои најмладата жртва имаше 15 години. Потоа продолжил кон селото Дубона, каде уби полицаец, неговата сестра и нивниот пријател.
Уапсен е следниот ден во раните утрински часови во близина на Крагуевац, откако киднапирал таксист и му се заканил дека ќе го вози.

Поврзани новости