Уапсен препродавач на билети за Супер купот

by fokus

Скопјанец кој преку интеренет се обидел да продаде два билети за Супер купот за сума од 600 евра, вчера бил приведен откако полицијата извршила претрес во неговиот дом. 41 годишниот Скопјанец бил лоциран преку телефонскиот контакт и името што ги навел во огласот. При претрес во неговиот дом полицијата ги нашла билетите, а одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичката како докази во постапката.

Со новите измени на Кривичниот законик, кои неодмана  беа иницирани и донесени токму поради Суперкупот, за препродажба на билети е предвидена парична или казна затвор до една година.

Поврзани новости