МВР, по насоки од јавен обвинител, спроведе криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за Р.К. (45) од Скопје, кој претходно бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.
Во текот на истрагата обезбедени се материјални докази и утврдено е дека Р.К. набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Во текот на истрагата обезбедени се докази дека Р.К. продавал дрога на поголем број лица.
„На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и др., а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога“, соопштија од ЈО.