647
Портпаролот на МВР Иво Котески за порталот „Фактор“ ја потврдил информацијата на локалните медиуми дека е приведен поранешен градоначалник на Охрид.
Според информациите, полицијата веќе подолго време вршела истражни дејствија. Сомненијата се дека организирана група, со криминалнии активности, се стекнала со противправна имотна корист од повеќе од два милиони евра. Приведени се и други десетина лица, а повеќе детали се најавени за подоцна.