СДСМ му порача на Груевски да се откаже од екстерното тестирање на студентите

by Фокус 16:59
16:59

Откако и премиерот Никола Груевски денес потврди дека не се откажува од идејата за екстерно тестирање на студентите, со реакција се јавија од опозициската СДСМ.

-За какво „посилно знаење и поголема креативност“ со екстерното тестирање говори Никола Груевски, кога овој начин на оценување и испитување на знаењето на учениците и работата на професорите, се покажа тотално неуспешен во основното и средното образование? Екстерното тестирање во високото образование ќе стимулира дополнителен стрес за студентите и казни за професорите, реагира од СДСМ.

- Advertisements -

Од СДСМ истакнаа дека се спротивставуваат на оваа идеја, потсетувајќи на лошите последици од овој проект во основното и средното образование.
-Бидејќи Груевски лажно полага големи надежи на дебатата по повод екстерно за студентите, сакаме да потсетиме дека македонската јавност не е наивна. На јавноста добро и е познато дека за Никола Груевски не постои дебата. Студентите, професорите и сите засегнати остро и јасно кажуваат „НЕ ЗА ЕКСТЕРНО“, се вели во партиската реакција.

Претходно премиерот истакна дека доколку се донела оваа новина, ќе важела за идните студенти, кои допрва ќе се запишат на факултет, а посочи и дека тестираните студенти ќе можат да полагаат се додека не положат.

Поврзани новости