Уапсен организаторот на борби со кучиња кој со крвавите животни се фалеше на Фејсбук

by Fokus

19-годишник од тетовското село Лавце е уапсен за „мачење животни“ бидејќи организирале борби со кучиња, а фотографии објавил на социјалните мрежи.

– Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера (21 февруари) околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“, информираше МВР.

- Advertisements -

Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани новости