Уапсен очувот од Скопје кој силуваше малолетно девојче

by fokus

Доцна утрово, уапсен бил 48-годишниот скопјанец кој во неколку наврати извршил обљуба врз девојче, на кое и бил очув.

„На 06.03.2020 околу 05.00 во шума помеѓу скопските села Паничари и Буковиќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Т.(48) од Сарај, скопско, кој се барал по распис од СВР Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. На 26.09.2019 во СВР Куманово било пријавено дека Ф.Т. извршил обљуба врз 14 –годишно девојче од село од општина Липково, на кое и бил очув. Подоцна, во разговор со полициски службеници девојчето изјавило дека нејзиниот очув и претходно(уште кога имала 12 години), во повеќе наврати извршил обљуба врз неа. Ф.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Поврзани новости