872
Утрово е уапсен Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи, дознава „Фокус“ од полициски извори. Тој е еден од осомничените за насилството што се случи на 27 април во Собранието.
За време на крвавиот четврток Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија.
Прстот на вина и одговорност во него го впери и тогашниот министер Агим Нухиу, кој рече дека Чавков не му се јавува на телефон, во критичните моменти.
Чавков досега не беше повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал, туку во утринските часови беше затекнат и уапсен од полициските екипи.