Богојески: Наместо да прославуваме за одлуката на БПЦ, ние објавуваме вулгарности за црковните великодостојници

by fokus 23:31
23:31

За Петар Богојески од Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ одлуката на БПЦ да го прифати барањето од МПЦ да биде нејзина мајка-црква е чекор кон  канонизирањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

-Во исто време сум бескрајно среќен и многу разочаран. Среќен поради постигнатото, поради фактот што и за нас Македонците се отвара патот во православната екумена, а разочаран што голем дел наши сограѓани не можат да ја разберат димензијата, значењето на овој настан. Наместо сите христијани од Македонија заедно да прославуваме, ние се натпреваруваме кој ќе објави поголема вулгарност на социјалните мрежи, пред се насочена кон црковните великодостојници, вели Богојески за Фокус.

- Advertisements -

Според него, Светиот архиерејски синод  на БПЦ и синодот на МПЦ, особено бугарскиот Патријарх и македонскиот Архиепископ покажале, како што вели, апостолската храброст.

-Крстот кој го земаа на себе е благослов од Бога и доказ за неизмерната љубов кон нашата христијанска вистина. Со оваа одлука на САС на БПЦ, покрај световната, ние Македонците ќе добиеме и духовна полнота. Бог да не чува и вековито да биде!, заклучува Богојески во демохристијански дух.

Поврзани новости