395
Малолетник бил уапсен вчера вечерта во Спортско рекреативниот центар „Кале“ поради тоа што за време на одржување на кошаркарски натрпевар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив.
За време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок.