Уапсен главниот опозициски лидер во Русија

by fokus

Руската полиција го приведе опзицискиот лидер Алексеј Навални во центарот на Москва, каде се одржуваше протестот против корупција, што го организираше тој. Стотици опозициски демонстранти се собрале околу полициското комбе и пробувале да ја спречат полицијата да го одведе Навални.

Навални е познат по неговата анти корупциска кампања, којашто таргетира неколку функционери од Кремљ. Тој неодамна тврдеше дека рускиот премиер Дмитриј Медведев поседува неколку куќи, јахти и лозја.

Во повеќе градови во Русија денеска се одржаа протести против корупција  на владините претставници, а десетина демонстранти се уапсени, јавија американските медиуми, повикувајќи се на руски сајтови и социјални мрежи.

На твитер им порача на демонстрантите дека е добро и да продолжат со протестите.

Поврзани новости