МРТ: „Хихирику“ не е укината, чекаме формирање на влада заради авторските договори

by fokus

Македонската радио телевизија соопшти дека најостро ја осудува изјавата на два члена на екипата на култната емисија на Македонското радио „Хихирику“ дека е укината од Македонската радио телевизија.

-Оваа изјава ја сметаме како големо политикантство и понатаму нема да коментираме изјави со дневно политички карактер. Бренд емисијата на Македонското радио Хихирику ниту е укината ниту ќе се укине. Напротив, ќе продолжи со својот живот и понатаму. Поради целокупната состојба во државата и важечките закони, МРТ не е во можност да потпише авторски договори со екипата на Хихирику се до формирање на Влада на Република Македонија. Ова е поткрепено и со дописи од страна на Министерството за финансии. Ова е единствената вистина, се наведува во соопштението на Македонска радио телевизија.

Поврзани новости