Уапсен е вработениот во Народна банка, посочен дека го уништил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

by Fokus

Уапсен е вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.

Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија. Се работи за лице со иницијали З.Д.

Поврзани новости