477
Возач на „голф“ кој се судри со автобус полн со ученици кои биле на ученичка екскурзија од Основното училиште „Десанка Максиновиќ“ од Футог е уапсен и обвинет за кривично дело загрозување на јавниот сообраќај. Тој ќе биде сослушан во Основното обвинителство во Шабац, јавуваат локалните медиуми.
Сообраќајната несреќа во Шабац во која беа повредени 10 деца од Футог се случила утринава околу 09.30 часот кога се судриле автобус и „голф“ управуван од 77-годишник.
Според првичните информации, возачот на „голфот“ свртел преку полна линија во правец на бензинската пумпа кога на него налетал автобусот.
Нема посериозно повредени деца.