Уапсен е убиецот на 18-годишна тиктокерка во Белград

by Fokus

Страшно злосторство е откриено денеска на улицата Цар Лазар во Белград, кога е убиена Ноа Миливојев (18) од Ковиље, по кој се трагаше.

За делото е уапсен и сослушан Д.О.(33) во рамките на истрагата за исчезнувањето на тиктокерката, а соседите од зградата на осомничениот откриваат што се случило пред две недели во нивната зграда.

– Ја виделе пред неколку месеци со уапсениот кој живее во таа зграда. Полицијата веќе доаѓаше поради нивните расправии. Уапсениот веќе е сослушан во врска со исчезнувањето. 2 недели пред исчезнувањето врескала дека ќе искрши станови во зградата ако не и ги вратат работите. Забележавме дека речиси секој ден фрла некои работи од станот – раскажуваат соседите, пренесува српски Курир.

Тиктокерката позната по прекар Ноа исчезнала на 17 јуни во Белград, а на денот кога и се губи секаква трага телефонски разговарала со мајка си и рекла дека оди да се види со нејзиниот дечко.

Оттогаш, од Ноа немало ни трага ни глас, а семејството го пријавило нејзиното исчезнување во полиција.

Поврзани новости