Уапсен е скопјанец (40) – ги нападна мајка му и сестра му

by irena 13:05
13:05

МВР информира дека вчера попладне во 15:15 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:00 часот под дејство на алкохол во семејниот дом физички ги нападнал неговата 71-годишна мајка и неговата 45-годишна сестра.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести