Ова е уапсениот полицаец во Република Српска кој до смрт претепа 35-годишник во кафе бар

by Fokus

Во Требиње во Република Српска денеска е уапсен полицаецот Игор А. (28) од Прибој, кој е осомничен дека до смрт го претепал Еврин Ќелахметовиќ (35) во кафуле во тој град.

Се појавија фотографии од апсењето.

По Игор, кој е вработен како полицаец во Белград, се трагаше од неделата наутро кога по злосторството тој избега од државата.

По наредба на Вишиот суд во Ужице, утрово по него е распишана потерница.

Кобната ноќ, Игор А. во близина на кафе бар во центарот на Стари Прибој, со три тупаници во главата го удрил сограѓанинот Еврин Ќелахметовиќ (35). Од повредите, Ќелахметовиќ паднал и изгубил свест, а два часа подоцна починал во болницата во Прибој поради крварење на мозокот предизвикано од кинење на голем крвен сад.

Полицијата ја уапси девојката на Игор, припадник на Граничната полиција, неговиот татко, исто така поранешен полицаец и други кои му помогнале да избега по злосторството.

Во вторникот, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Ужице им одреди мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека сториле кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото.

Поврзани новости