Уапсен е кавадарчанец – со нож и се заканувал на сопругата

by irena 14:21
14:21

МВР информира дека доцна синоќа во 22:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Б.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести