Со нож и се заканувал на мајка си – уапсен е 25 годишник од неготинско

by irena 14:25
14:25

МВР информира дека рано утринава во 00:10 часот во неготинско село, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ш.(25) од истото село.

Според пријавеното, Д.Ш., кој имал здравствени проблеми, со остар предмет се заканувал и ја нападнал неговата 62-годишна мајка, но не ја повредил.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични вести