48
МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, спроведена е засилена сообраќајна контрола на територијата на целата држава, насочена кон санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците.
Контролата се одвивала во периодот од 09:00 до 15:00 часот, при што биле санкционирани 166 пешаци.
Од нив, 137 биле казнети поради небезбедно преминување на улица надвор од обележан пешачки премин.
Во рамки на истата биле санкционирани и 167 други сообраќајни прекршоци.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.