398
Полицијата во Атина уапси грчки држјавнин, навивач на Панатинаиокос, по кого се трагаше за нередите кои доведоа до убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, јавуваат тамошните медиуми.
Како што пишуваат грчките портали, идентификуван бил благодарение на видео снимките од инцидентите, а уапсен бил во неговиот дом.
Во меѓувреме, полицијата трага по уште 10 хрватски навивачи, а за властите сѐ уште е непознат идентитетот на убиецот на младиот Грк.
Поради тоа истрагата е проширена и е распишана нова потерница за уште еден Грк и за уште пет Хрвати.
Грчката полиција досега уапсил и притвори 105 хилугани.