Уапсен е Давор Мацура – сопственикот на Алта Банка

by irena 11:54
11:54

Приведен е Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, објавија српските медиуми.

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка и бизнисмен кого српските медиуми го поврзуваат со Српската напредна странка, бил приведен во текот на ноќта.

Според објавата, на приведувањето му претходел полициски претрес во просториите на Алта банка, кој почнал во саботата и траел повеќе од 30 часа.

Во првичната информација не се наведени конкретните сомненија поради кои Мацура е приведен, ниту дали му е определено задржување.

Веста доаѓа по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на Алта банка АД Белград.

Одлуката е донесена на 30 октомври, по претходни контроли насочени кон подобрување на ликвидноста.

Српскиот регулатор соопшти дека финансиската состојба на банката значително се влошила и дека биле загрозени интересите на депонентите.

Управувањето е пренесено на Агенцијата за осигурување депозити, по утврдувањето на условите за поведување стечајна постапка.

Слични вести