Уапсен е 58-годишник од Ранковце, го фатија дека вози со 1,5 промили алкохол во крвта

by irena 16:13
16:13

МВР информира дека доцна синоќа во 23:49 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.П.(58) од Ранковце.

При сообраќајна контрола запрено е патничко моторно возило „хонда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал Г.П. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести