717
Синоќа по полноќ бил уапсен жител на Демир Капија, затоа што ги малтретирал сопругата и нивното малолетно дете, велат од МВР.
„На 25.04.2021 во 03.15 часот, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле од слобода С.П.(33) од Демир Капија, затоа што се однесувал агресивно кон неговиот татко и ги малтретирал сопругата и малолетното дете во домот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.