Мицкоски: Преку глава им е на луѓето од неправди, мафија и криминал!

by Fokus

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на сите кои беа на денешниот протест за поддршка на осудените лица за упадот во Собранието во 2017 година.

„Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народ на улица. Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност. Слобода за устовобранителите! Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работи. Честитки за сите кои присуствуваа, но и за оние кои со своите срца се за истите цели. Да живее Македонија“, напиша Мицкоски.

 

Поврзани новости