Уапсен 80-годишен возач кој возел во спротивна насока на автопатот Тетово – Скопје

by irena 14:48
14:48

Утрово во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец.

Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава.

Слични вести