Уапсен 25-годишник на тетовскиот плоштад

by Fokus

Тетовски полицајци денеска на градскиот плоштад приведоа 25 годишник кај кого се најдени 5000 парчиња пиротехника, поради сомнение за нелегална трговија.

-Во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства. Запленети се околу 5000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција во два случаи во текот на вчерашниот ден заплени над 2000 парчиња пиротехника

Поврзани новости