437
Полицијата во Ниш уапсила 17-годишник бидејќи на својот Инстаграм профил објавил закана дека во Ниш ќе бидат убиени повеќе од 30 луѓе, јавува „Јужне вести“.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Ниш, полицијата го привела малолетникот под сомнение за кривично дело предизвикување паника и неред. Осомничен е дека вчера на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објавил порака во која се заканува дека утре во Ниш ќе бидат убиени повеќе од 30 луѓе“, велат од српската полиција.
Малолетникот бил изведен пред Вишиот суд во Ниш од каде му определиле притвор.