„Тврдокорните“ се скараа, бараат оставка од нивниот претседател и потпретседател

by Fokus

Тврдокорните бараат оставка од нивните претседател и потпретседател, кои ги именуваат со иницијали како “лицата Д.У. и В.М.”, поради тоа што “во последниот период двајцата отворено почнуваат да искажуваат партиска пристрасност и да не ги почитуваат одлуките на Советот, се наведува во соопштението.

Понатаму, продолжува во соопштението дека и “двајцата се членови на ВМРО-ДПМНЕ”. Овие двајца лидери на здружението”не се откажале од партиските директиви”, велат Тврдокорните.

Д.У. и В.М. се привремени вршители на должност претседател и потпретседател па и двајцата “во последниот период двајцата отворено почнуваат да искажуваат партиска пристрасност и да не ги почитуваат одлуките на Советот”.

 

Поврзани новости