Тврдокорните ќе протестираат: Бараме јунаштво од народот за да ја спасиме државата од двојазичноста и албанизацијата

by Fokus

Тврдокорните на 21 јануари повикуваат на масовен протест против двојазичноста, објавија на својот фејсбук профил. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Браќа и сестри Македнци, во име на нашата мајка Македонија во повикуваме на протест против рушењето на македонскиот карактер на државата – протест против двојазичноста и албанизацијата на државата. Протестот е организиран од Тврдокорни, Македонски Обединети Сили и уште неколку други патриотски организации. Протест ќе се оддржи во недела на 21.01.2018 г. во 13:00ч пред македонското Собрание.

Овој протест е изнуден од очигледната уништувачка политика која ја спроведуваат поедини политичари во нашата земја.

Проблемот околу наметнатата двојазичност, спроведувањето на тиранската платформа, неприродното братимење со бугарската црква и процесот околу менувањето на името и одрекување од нашиот идентитет се сериозна причина да ниеден од нас не стои настрана како ништо да не се случува.

Состојбата е алармантна и нашата земја Македонија сега бара јунаштво од својот народ да може да ја одбрани правдата своите семејства и својот дом. Бегањето од борбата за Македонија е најголем срам за еден Македонец, а отпорот е чест обврска и должност кој воедно е и пат кон Бога.

Го замолуваме единствен праведен Бог да не благослови со храброст во борбата за Македонија која допрва започнува.

Слобода за Македонскиот народ, а смрт за предавниците!!

Поврзани новости