387
Откако синоќа беше отстранет споменикот на „Александар Македонски“ од скопскиот аеродром, експресно се јавија тврдокорните кои порачаа дека во најбрз можен рок ќе организираат блокирање на аеродромот.
„Нападот против Александар Македонски е напад против целиот Македонски народ! Нападот против Александар Македонски претставува објавување на војна! А ова е војна која треба и мора да се добие, па дури и по цена на нашите животи! Никогаш нема да им простиме на предавници, утре допрва доаѓа!Борбата за Македонија допрва доаѓа!“, напишаа Тврдокорни на својата Фејсбук страна.