Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави продажбата на Твитер на технолошкиот милијардер Илон Маск, велејќи дека е задоволен што „сега е во добри раце“.
„Многу сум среќен што Твитер сега е во здрави раце и нема да биде управуван од радикални левичарски лудаци и манијаци кои навистина ја мразат нашата земја“, порача Трамп на својата социјална платформа „Вистина“.
Маск по купувањето на Твитер вети дека ќе го намали модерирањето на содржините на минимум, а според првите прогнози се очекува тој повторно да му го расчисти патот на Доналд Трамп до Твитер откако платформата му го укина профилот по нередите во Капитол Хил и одбивањето да ја предаде власта на новиот претседател Џо Бајден.
Маск го отпушти извршниот директор Параг Агравал, како и главниот финансиски директор на компанијата и шеф за правна политика, доверба и безбедност Нед Сегал.
Токму под Агравал беше забранет пристапот до платформата на поранешниот претседател поради обвинувања за поттикнување говор на омраза и несоодветни коментари.