Заврши делумната мобилизација во Русија

by Фокус

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути.

-За време на делумната мобилизација, повеќе од 1.300 претставници на извршната власт од различни нивоа и над 27.000 претприемачи беа испратени во трупите. Тринаесет илјади граѓани, без да чекаат повици, изразија желба да ја исполнат својата должност и беа испратени во трупите како волонтери – рече Шојгу.

Според рускиот министер, по обуката, 82.000 регрути веќе се испратени во активните сили, а нивната просечна возраст е 35 години.

Поврзани новости