530
Компанијата „Твитер“ соопшти дека блокирале десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.
Сите овие сметки се затворени, но нивната содржина се чува во база на податоци за да може да се користат за научни цели.
Кинеската мрежа на сметки се користела за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, „измамнички“ теории за ситуацијата во Хонг Конг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот.
Како што е наведено во соопштението, руските профили служеле за рекламирање на владејачката партија и за напад на нејзините критичари.
Турските сметки, пак, биле користени за воздигнување на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти Твитер.