ТВ Сител на листа на ТВ станици во регионот со најголеми приходи

by Fokus

Специјализираниот портал за медиуми на областа на Југоисточна Европа, Медиа Дејли, направил анализа на приходите на дваесетте најголеми комерцијални телевизиски куќи во регионот за 2017 година.

На листата се нашле осум ТВ куќи од Србија, четири од Хрватска, четири од БиХ, три од Словенија и една од Македонија. ТВ Сител е единствената ТВ куќа од нашата земја која е во друштво на телевизиите со најголеми приходи.

На листата на приходи на најголемите комерцијални телевизиски куќи во регионот се наоѓа на десетто место, и според објавените податоци, во 2017 година направила приход од 7.346.991 евра. Околу тоа колкав приход имала ТВ куќата во 2016 година, нема податоци.

На прво место на листата се наоѓа словенската Про Плус која ги емитира каналите Поп ТВ и Канал А, со приходи од 61.868.302 евра. На второ место е Нова ТВ од Хрватска, а популарната Пинк Интернационал е на трето место според остварени приходи во 2017 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости