Почна набавката на инсулин, според дијабетичарите, тоа можело и порано да се случи

by fokus

Почната постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, како и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот од септември 2018 до септември 2020 година, соопшти денеска Министерството за здравство.

Оттаму истакнуваат дека постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и граѓаните и оти пред да биде распишана јавната набавка контактирани се граѓанските здруженија кои дале свои мислења.

Од Министерството велат дека согласно побарувањата во тендерската документација првпат по шест години се очекуваат нови лекови за дијабетес, како што се инсулини и ампуларна терапија. Исто така се нагласува дека до завршување на постапката за јавна набавка ќе има доволни количини инсулин во сите инсулински аптеки.

Од друга страна, дијабетичарите оваа набавка можела да се случи и многу порано.

„Можеби оваа набавка требаше да се случи порано, меѓутоа не останавме без инсулин, а тендерот се распишува на време. Првпат ќе има новитети како во инсулините така и во табеларната терапија. Станува збор за подобри и поефикасни инсулини. Лицата со дијабетес ќе имаат подобра грижа“, изјави за „Фокус“, Цвете Серафимовски, член на Управен одбро на Асоцијација за детски дијабетес „Баланс“.

Поврзани новости