776
ТВ Шења е името на новата телевизија која следната недела треба да почне да зрачи во медиумскиот простор на територија на цела Македонија, но ќе може да се гледа и во Албанија и Косово.
Главен уредник на оваа телевизија, која ќе емитува програма и на македонски и на албански јазик, ќе биде Исмаил Синани, досегашен уредник на месечното списание Шења, а политичка емисија ќе има довчерашниот уредник на Алсат М, Мухамед Зеќири.
Првите луѓе на телевизијата велат дека ТВ Шења велат дека телевизијата ќе биде независна и непристрасна, а новинари од други телевизии неофицијално најавуваат дека ќе преминат во новоформираниот медиум.