ТВ Алфа куртули од претставка за емисијата на Миленко Неделковски, Агенцијата за медиуми бара преиспитување на одлуката

by fokus

Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) одлучи да не покрене постапка против ТВ Алфа за дискриминација по етничка основа сторена во емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на 27.01.2018 година.

Во мислењето од КЗД по поднесената претставка од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се наведува дека таа „се однесува на погрешно лице (ТВ Алфа)“, бидејќи емисијата е самостоен надворешен проект и оти телевизијата пред почетокот на емитувањето се оградила од изнесените ставови.

„Ваквите тврдења се неточни, бидејќи Законот јасно и недвосмислено ја лоцира одговорноста кај радиодифузерите за сите содржини емитувани на нивната програма, дотолку повеќе што емисијата не е емитувана во живо туку е однапред снимена и ТВ Алфа можела уреднички да интервенира. Агенцијата се надева дека Комисијата ќе го преиспита ставот за неповедување постапка против ТВ Алфа“, велат од АВМУ.

Поврзани новости