Институтот за македонски студии во Австралија (АИМС) ќе поднесе тужба против организаторите на протестите што се одржаав викендов во Австралија каде исленици од Македонија маршираа против промена на македонското уставно име. Грчко-австралиската организација реагира откако демонстрантите запалија грчки знамиња, поради што ќе поднесат тужба за националистичка и расна омраза против хеленизмот, пишува „Неос космос“.
„Организаторите на митингот се одговорни за поттикнување националистичка и расна омраза против хеленизмот на Мала Азија; негувањето на омраза и навреди кон Грците и нивните национални симболи, вклучувајќи го и грчкото знаме; клевета на Грција, Македонија, нејзината историја и култура и клевета против Грците“, стои во соопштението на Институтот.
„Славомакедонците“, како што се именувани во соопштението демонстрантите на протестот, се обвинети за екстремен иредентизам, клеветата на хеленизмот и дека истовремено ги злоупотребуваат правата што им се дадени во контекст на австралискиот мултикултурализам.
-Опседнати со расна и национална омраза против Грците, организаторите на митингот го оддалечија својот протест далеку од било каква морална или политичка основа и прибегнаа кон навреди и клевета на грчкиот народ воопшто. Користејќи транспаренти и облека во карневалски стил, во која се претставија како Антички Македонци, се преправаа дека се жртви на Грци со “турско потомство” (и покрај тоа што ги држеа турски знамиња за да ги смират своите таканаречени заштитници), ги носеа симболите на Античка Македонија, спротивно на меѓународните договори и привремената спогодба што нивната влада ја потпиша и поднеседо ОН, кои јасно кажаа дека нема да го користат симболот на сонцето на македонското кралство – изјави претседателот на Институтот, професорот Анастасиос Тамис .