Тужбени барања од родители на деца кои останале слепи ја блокираа сметката на Гинекологија

by fokus

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) е со блокирана сметка поради тужбени барања од родители на деца родени во 2008 година. Гинекологија има долг од 410.000 евра, поради што не може да ги подмирува редовните обврски. До блокирана сметка ја донесоа тужби од родители чии деца родени на ГАК останале слепи. Причина за тоа било бидејќи се задоцнило со дијагностицирање на ретинопатија.

Во тој период не постоел протокол за посета односно програма за соработка на Клиниката со очен лекар кој требало да доаѓа и да ја дијагностицира состојбата со новороденчињата.

Паралелно сo блокираната сметка во тек е кампањата за собирање на донаци. Под мотото „Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти“, Гинекологија бара од граѓаните средства за купување на опрема. Од таму велат дека донаторската кампања е започната на 17-ти ноември од причина што набавката на опремата би се одвивала со позабавено темпо доколку се спроведе преку средства од буџетот на Клиниката.

Донаторската кампања предизвика негативни реакции од јавноста. Граѓаните прашуваат зошто Гинекологија бара пари, кога Клиниката е финансирана од државниот буџет. Од ГАК велат дека кампањата ќе трае до ноември годинава.

Поврзани новости